2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали пукна балонот на пазарот на недвижнини во Германија?! Цените паднаа за...

Дали пукна балонот на пазарот на недвижнини во Германија?! Цените паднаа за повеќе од 10 отсто, се тресе градежната индустрија

Цените на недвижностите во Германија паднаа четврти квартал по ред и со највисока стапка во споредба со кварталот претходната година, откако германската канцеларија за статистика почна да води евиденција во 2000 година, што ја нагласи најтешката станбена криза во земјата во последните децении.

Во вториот квартал од 2023 година, цените на станбените недвижности паднаа за 9,6 отсто во споредба со истиот период минатата година, покажуваат податоците на Дестатис. Во периодот од јули до септември тие се пониски за 1,4 отсто во однос на претходните три месеци.

– До 2022 година во Германија имаше шпекулативен ценовен меур, меѓу најголемите во последните 50 години, изјави Константин Колодилин од Катедрата за макроекономија на Германскиот институт за економски истражувања (DIW).

„Цените оттогаш паѓаат. Меурот пукна“, додаде тој.

Со години, секторот на недвижности во Германија и низ Европа доживеа бум бидејќи каматните стапки беа ниски, а побарувачката беше висока. Но, остриот пораст на каматните стапки и трошоците го запре тоа полетување, туркајќи ги градежните претприемачи во банкрот бидејќи банкарското финансирање пресушува и работните места се замрзнуваат.

Во третиот квартал особено е изразен падот на цените на семејните куќи во поголемите германски градови, за дури 12,7 отсто, додека цените на становите во Германија паднале за 9,1 отсто во однос на истиот квартал лани.

Исто така, заводот за статистика во петокот објави дека нарачките во градежната индустрија паднале за 6,3 отсто во октомври во однос на еден месец порано, според сезонски приспособени податоци.

Германската асоцијација на градежната индустрија објави дека секторот за изградба на станбени објекти оди во насока на натамошно намалување на работните места.

Австрискиот гигант за недвижности Сигна, кој има значително присуство во Германија, минатиот месец поднесе барање за стечај, што досега е најголемата жртва на кризата со недвижностите во регионот, потсетува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП