1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSwiss Re ќе го продава делот во САД

Swiss Re ќе го продава делот во САД

SwissRe

„Swiss Re Ltd.“ размислува за продажба на „Aurora National Life Assurance Co.“ како дел од своето повлекување од американскиот пазар на осигурување на живот и здравствено осигурување, информира „Bloomberg“, повикувајќи се на извори блиски до компанијата.

Втората најголема компанија за реосигурување во светот работи со „Barclays Plc“ за да најде купувачи за „Aurora National“, како и за некои други свои американски средства. Продажбата може да биде во вредност од над 400 милиони долари. Се очекува во договорот да бидат вклучени осигурителни средства од околу 5 милијарди долари. Засега од „Swiss Re“ и „Barclays“ одбиваат да коментираат.

Со седиште во Хартфорд, Конектикат „Aurora“ има над 88.000 животно осигурителни полиси, а во јуни 2012-та година имаше средства oд над 3 милијарди долари. Компанијата и другите средства беа дел од „SRLC America Holding Corp.“ кој „Swiss Re“ го продаде во 2012-та година за околу 663 милиони долари на „Prudential Plc.“. „SRLC“ беше холдинг компанија на американското одделение на компанијата  „Swiss Re Admin Re“ која купуваше осигурување на живот и здравствено осигурителни компании кои веќе не издаваат нови полиси. Според годишниот извештај на „Swiss Re“, продажба довела до 399 милиони долари загуби. Од „Swiss Re“ објавија во јули дека преговараат за спојувањето на остатокот од „Admin Re“ со „Phoenix Group Holdings“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП