6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната нето-плата во октомври 38.843 денари

Просечната нето-плата во октомври 38.843 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2023 година, изнесува 38 843 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2023 година, во однос на октомври 2022 година, изнесува 117.3.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (26.2 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (20.2 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (20.0 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (8.2 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (6.5 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (4.6 %).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП