17 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАМрсна или посна слава - која е поскапа?

Мрсна или посна слава – која е поскапа?

Славата е најважниот верски и семеен празник за многу Македонци. Но, колку чини приготвувањето на славската трпеза и дали има разлика помеѓу мрсната и посната слава во однос на финансиите?

Ние ги проверивме цените на главните состојки за славското мени, па дојдовме до следниве заклучоци:

За мрсната слава, најголем трошок е месото. Тука спаѓаат и ордеверите, сармата, разните салати, ситните колачи и кифли. Само за мезето, односно за ордеверот, потребно е помеѓу 4.000 и 6.000 денари. Освен сувомеснатото, и јајцата претставуваат посебен трошок. Цената на јајцата пораснала за 47 отсто во споредба со минатата година – 10 јајца минатиот декември чинеле околу 140 денари, а сега чинат околу 220 денари. А доколку сакате да користите домашни јајца, тие се продаваат минимум 30 денари за парче.

За посната слава, главното јадење е рибата. Најчесто пастрмка, крап или ослич. Исто така, популарна е и морска риба како лосос, а ретко на некоја трпеза има и морски плодови.

Трговците предупредуваат дека рибата треба да се нарача навреме, односно барем една недела пред славата. Купувањето веќе печена риба прилично им ја олеснува работата на домаќините, но за тоа е потребно да се издвојат повеќе пари. За 20 гости, на пример, морате да приготвите минимум 15 килограми риба.

Приготвувањето на посна сарма чини околу 4.000 денари, посни ролати и салати околу 3.000 денари. Заблуда е дека ситните посни колачи и посните торти чинат помалку од оние со млечни производи и јајца. Килограмот на овие посни слатки чинат исто како и мрсните.

А не го заборавајте најважното: потребно е да се купи славска погача која чини околу 500 денари, славска свеќа од 250 денари, а и за намирниците кои се потребни во приготвувањето на славскиот колач потребно е да се издвојат околу 500 денари.

Според пресметката, за најскромната трпеза за 20 гости за мрсна слава, без никакво луксузирање, туку само за најосновниот ручек, потребно е да се издвојат околу 55.000 денари.

Меѓутоа, многу граѓани трошат повеќе или помалку според своите можности и бројот на гости.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП