28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во еврозоната во ноември и официјално потврдена на 2,4 отсто

Инфлацијата во еврозоната во ноември и официјално потврдена на 2,4 отсто

Годишната инфлација во еврозоната во ноември изнесувала 2,4 отсто по 2,9 отсто во октомври во тековната година, покажува најновиот извештај објавен од Евростат.

Гледајќи ги главните компоненти на инфлацијата во еврозоната, храната, алкохолот и тутунот имаат највисока годишна стапка во ноември, од 6,9 отсто, во споредба со стапката од 7,4 отсто во октомври.

Услугите пораснаа за четири отсто на годишно ниво, по зголемувањето на цената од 4,6 отсто во октомври, неенергетските индустриски производи поскапеа за 2,9 отсто во споредба со 3,5 отсто во октомври, додека енергијата падна за 11,5 отсто по поевтинувањето од 11,2 отсто во октомври.

Месечната инфлација падна за 0,6 отсто, што беше побрзо од очекуваниот пад од 0,5 отсто, недалеку од целта на централната банка од два отсто. Базичната инфлација, која ги исклучува флуктуирачките цени на храната и енергијата, беше на годишно ниво од 3,6 отсто во ноември, откако базичната инфлација беше 4,2 отсто во октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП