28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНекогаш го нарекуваа храна за сиромашни, а сега чини како суво злато:...

Некогаш го нарекуваа храна за сиромашни, а сега чини како суво злато: Цената за килограм оди и до 60 евра

Во последните 10 години неговата цена постојано се зголемува, но и варира од земја до земја.

Иако порано се нарекуваше храна за сиромашните, бакаларот денес чини како суво злато – 60 евра за килограм. Како што пишува Index.hr, норвешкиот бакалар е меѓу најбараните риби во светот. Сепак, во последните 10 години неговата цена постојано се зголемува, но и варира од земја до земја.

Во продавниците цената на сувиот бакалар се движи од 40 до 55 евра за килограм, што значи дека е за околу 30 отсто поскап од лани, додава хрватскиот весник.

Минатата година Хрватите увезле 536 тони бакалар во вредност од речиси 8 милиони евра, додека една година претходно таа бројка била нешто помала, како и вредноста од 6,5 милиони евра.

Земјите од Европската унија најмногу увезуваат бакалар од Норвешка, а најголеми потрошувачи на оваа „смрдлива“ риба се Португалците кои во просек јадат по 56 килограми бела и сина риба годишно.

Португалецот за празниците ќе плати само 14,95 евра за килограм сув бакалар. Во зависност од процесот на обработка, цените варираат. Доколку се одлучат за бакалар кој бил во саламура 180 дена, најмногу што ќе платат за парче од два килограми е 44,95 евра.

Португалците јадат околу 20% од фатениот бакалар во светот. Иако имаат долг брег покрај Атлантскиот Океан, повеќе не го ловат, туку го увезуваат од Норвешка. Долгогодишната традиција на подготовка на бакалар за празниците се негува во Франција и Шпанија, каде неговата цена варира само за околу 1 евро во однос на Португалија.

Во соседна Италија најскапиот бакалар е за 44 евра за килограм, додека најевтиниот е 24 евра. Во онлајн продавниците во Швајцарија моментално најниската цена на бакаларот е 28,50 евра, додека на попусти можеше да се најде од 17 до 20 евра за килограм.

Од шесте европски земји, најскапо се продава во Австрија. Неговата цена варира од 30 евра, а најскапата е 38,50 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП