8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ќе ги укине одмаздничките царини за американските стоки до крајот на...

ЕУ ќе ги укине одмаздничките царини за американските стоки до крајот на март 2025 година

Европската унија ќе ги прекине царините за американските стоки до крајот на март 2025 година, кои Брисел ги воведе како одмаздничка мерка против тарифите на Вашингтон за челикот и алуминиумот од ЕУ.

Оваа информација во вторникот беше објавена на официјалната веб-страница на Унијата, пренесува Ројтерс.

Брисел одлучи да се воздржи од тарифи врз основа на договорот со САД во кој Вашингтон вети дека ќе ги суспендира и сопствените царини од 25 отсто за европскиот челик и давачките од 10 отсто за алуминиумот од ЕУ.

Американските царини за челик и алуминиум од ЕУ беа воведени во 2018 година од страна на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Вашингтон претходно се согласи да ги суспендира своите царини за европскиот челик и алуминиум на две години, почнувајќи од јануари 2022 година, и да ги замени со квоти.

Системот на квоти во САД дозволува увоз до 3,3 милиони тони челик од ЕУ и 384.000 тони алуминиум во САД без царина, додека дополнителните количини подлежат на царини.

Европската комисија се пожали дека системот на квоти во САД е ригиден, но овој спор ќе го решат политичарите кои ќе бидат на власт по изборите во ЕУ и во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП