30 април, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАОнколошките пациенти од источна Македонија нема да плаќаат патарини

Онколошките пациенти од источна Македонија нема да плаќаат патарини

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека се подготвени да излезат во пресрет на барањето за ослободување од плаќање патарини на онколошките пациенти од источна Македонија, кои мораат често да патуваат во Скопје за терапиите. По денешниот увид во градежните работи за браната на реката Отиња во Штип, министерот Бочварски, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека темелно ќе го разгледаат барањето и ќе им помогнат на сите на кои им треба помош.

„Отворени сме да разговараме за сите овие прашања. Кога ќе стигне барањето од заинтересираните граѓани или здруженија на граѓани или од страна на одредени институции, ќе го разгледаме и како и секогаш во минатото кога сме излегувале во пресрет, така и денеска ова прашање ќе биде темелно разгледано и можам да ве убедам дека државата ќе им даде поддршка на сите оние граѓани на кои им е потребна помош. Оваа Влада покажа и денеска и во изминатиот период дека кога е тешко, кога има криза, кога има ковид-криза, кога има енергетска криза, е овде да им помогне на граѓаните“, рече министерот Бочварски.

Меѓу Скопје и Штип, на новиот автопат, има три патарини. За одење до Онкологија во Скопје и за враќање, освен за бензинот, пациентите одвојуваат и по 320 денари за патарини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП