Американските нафтени компании кои дупчат во Пермскиот басен во Западен Тексас и полињата со шкрилци во Северна Дакота го зголемија производството на нафта од шкрилци на рекордно ниво по одлуката на земјите од ОПЕК + да го намалат производството и понудата.
Според Блумберг, производството на нафта во САД достигнува 13,3 милиони барели дневно. Во исто време, аналитичарите очекуваа производството на нафта во САД да се зголеми скромно оваа година поради ветувањата на големите нафтени компании да ги зауздаат трошоците и да се фокусираат на исплата на профитот на акционерите.

