ПочетнаЕКОНОМИЈАВработеноста во ЕУ бележи минимален пад во третиот квартал

Вработеноста во ЕУ бележи минимален пад во третиот квартал

Минимален пад од 0,1 процентен поен (п.п.) го означи вработеноста во Европската унија (ЕУ) во третиот квартал од 2023-та година во однос на претходниот, покажуваат податоците на европската статистичка агенција Еуростат објавени во петокот.

75,3% е регистрираното вработување кај лицата на возраст меѓу 20 и 64 години во ЕУ во периодот јули-септември.

Има значителни варијации помеѓу вториот и третиот квартал од годината во нивоата на вработеност во земјите на ЕУ, при што најголемо намалување е забележано во Хрватска (-1,3 п.п.) и Бугарија (-1,1 п.п.). Меѓу земјите-членки, најголем раст има Малта (+1,1 п.п.) и Белгија (+0,5 п.п.). Нивото на вработеност остана стабилно во Луксембург и Холандија.

Извор: Евростат

Во периодот меѓу вториот и третиот квартал од годинава, работа нашле 3 милиони невработени (23,3% од сите невработени за вториот квартал). 6,7 милиони луѓе (51,9%) останале невработени, а 3,2 милиони луѓе (24,8%) го напуштиле пазарот на трудот (т.е. пензионирани, студираат или не се регистрирани како невработени).

Од сите вработени во вториот квартал, 2,5 милиони луѓе (1,2%) останале без работа во третиот квартал, а 5,1 милиони луѓе (2,5%) го напуштиле пазарот на трудот.

Од оние надвор од пазарот на трудот во вториот квартал од 2023-та година, 4,7 милиони (4,1%) нашле работа во третиот, а 3,9 милиони (3,4%) се регистрирани како невработени.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП