27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСамо се зборува за зелена транзиција, а побарувачката за јаглен никогаш поголема

Само се зборува за зелена транзиција, а побарувачката за јаглен никогаш поголема

Годинава потрошувачката на јаглен во Кина скокна за 220 милиони тони (4,9 отсто) во однос на 2022 година, во Индија за 98 милиони тони (осум отсто), а во Индонезија за 23 милиони тони (11 отсто).

Во 2023 година светската побарувачка за јаглен ќе достигне 8,53 милијарди тони, што е историски рекорд, објави денеска Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

„Од 2024 година, глобалната потрошувачка на јаглен треба да покаже тенденција на намалување“, рече ИЕА во прогнозите објавени два дена по завршувањето на 28-миот меѓународен климатски состанок на ОН во Дубаи, каде беше упатен апел да се напуштат фосилните извори како дел од борбата против глобалното затоплување.

ИЕА ја нагласува силната побарувачка за јаглен во Азија.

Годинава потрошувачката во Кина скокна за 220 милиони тони (4,9 отсто) во однос на 2022 година, во Индија за 98 милиони тони (осум отсто), а во Индонезија за 23 милиони тони (11 отсто).

Од друга страна, потрошувачката е помала во Европа, каде е забележан ненадеен пад од 107 милиони тони или 23 отсто, како и во Соединетите Американски Држави каде е забележан пад од 95 милиони тони или 21 отсто.

ИЕА објави дека поради војната во Украина има проблем да ги објави прогнозите за Русија, четвртиот најголем потрошувач на јаглен во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП