19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈелен има план да ги поправи односите меѓу САД и Кина

Јелен има план да ги поправи односите меѓу САД и Кина

Американската министерка за финансии Џенет Јелен е во мисија да ги поправи кревките, но витални односи меѓу САД и Кина, а таа мисија ќе биде лансирана со голема брзина следната година.

Јелен го откри својот план за 2024 година во говор пред деловните лидери во земјата, наведувајќи ги нејзините приоритети за подобрување на економските врски меѓу САД и Кина. Тие вклучуваат подобрување на комуникацијата меѓу двете најголеми светски економии, зголемување на регулаторната соработка и решавање на проблемот со финансирањето на тероризмот и протокот на фентанил, пренесува CNN.

Забелешките на Јелен наведени во четвртокот на 50-годишнината на вечерата на американско-кинескиот деловен совет во Вашингтон, претставен е нејзиниот прв опис на нејзините цели за наредната година кога станува збор за економските односи меѓу САД и Кина.

„Ние не се обидуваме да ги решиме сите наши разлики или да ги избегнеме сите шокови. Тоа не е реално, но нашата цел е да ја направиме нашата комуникација еластична, за кога не се согласуваме, кога има шокови, да спречиме ескалација на недоразбирањата и предизвикување штета“, рече американската министерка.

Односите меѓу САД и Кина, кои се сметаат за најважни билатерални односи во светот, се подобри на крајот на тековната година отколку на почетокот. Односите паднаа на ниско ниво во февруари кога САД соборија кинески балон над нивна територија, тврдејќи дека станува збор за шпионски брод.

Јелен делумна одговорност за слабеењето на односите со Кина и припиша на администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека таа ги запоставила односите со партнерите и сојузниците. „Тоа и наштети на нашата глобална репутација и значеше пропуштени економски можности за американските компании и работници“, рече Јелен. Таа најави дека ќе ја посети Кина во првата половина на следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП