8 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАМВР ги нарача налепниците со ознаката NМК, тендерот ќе чини 2,29 милиона...

МВР ги нарача налепниците со ознаката NМК, тендерот ќе чини 2,29 милиона евра

Министерството за внатрешни работи ја заврши постапката за набавка на налепници со новата ознака NМК за регистарските таблички.

Тендерот го доби фирмата „Квантум“ од Скопје заедно со германската компанија „ЕХА Хофман интернационал“, која ќе ги изработува табличките и налепниците. За оваа цел, МВР ќе потроши 2,29 милиона евра (141,6 милион денари) во период од три години колку што предвидува договорот за набавката.

Според договорот објавен на страницата на јавни набавки, компаниите што го добија тендерот за налепниците зависно од големината за чифт понудиле цена од 25 до 35 денари, без ДДВ. Се набавуваат четири вида двојни налепници според големината: димензии 99×42 милиметри – набавна цена 35,4 денари; димензии 85×40 милиметри, цената ќе биде 41,3 денар; димензии 53×37 милиметри за цена од 35,4 денари; димензии 48×18 милиметри за цена од 29,4 денари.

Колкава ќе биде продажната цена на овие налепници, ќе одлучи Министерството за внатрешни работи.

Освен налепниците со новото уставно име, МВР набави и регистерски таблички. Според понудата која е дадена од носителот на јавната набавка „Квантум“ ДООЕЛ Скопје, чифт регистарски таблички за возило чинат 637 денари, со вклучен ДДВ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП