28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија повторно е најголемиот снабдувач на нафта за Кина и Индија

Русија повторно е најголемиот снабдувач на нафта за Кина и Индија

Русија повторно стана најголемиот снабдувач на нафта за Кина и Индија, се вели во извештајот објавен денеска од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК).

Русија обезбеди речиси 17 отсто од вкупниот кинески увоз на нафта, Саудиска Арабија 14 отсто, а Малезија околу 12 отсто, пренесува ТАСС.

Увозот на нафта во Кина е зголемен во октомври за четири отсто во однос на септември и изнесува 11,6 милиони барели дневно.

Податоците на агенцијата „Кплер“, на кои се повикува ОПЕК, покажуваат дека Русија една година е лидер во снабдувањето на Индија со нафта со 36 отсто од вкупниот увоз во таа земја.

Вкупниот увоз на нафта од Индија во октомври се зголеми за 2 отсто во однос на септември на 4,4 милиони барели дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП