4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУраниумот достигна рекордна цена поради политичките настани во светот

Ураниумот достигна рекордна цена поради политичките настани во светот

Цената на ураниумот на Њујоршката берза NYMEX достигна 82,3 долари за фунта (фунта е приближно 450 грама), што е највисока од јануари 2008 година.

Според податоците на Business Insider, вредноста на ураниумот бележи значителни осцилации.

На 27 јуни неговата вредност почна да паѓа од 56 долари за фунта на 42,5 долари, што беше забележано на 14 август, по што порасна на 58,2 долари за фунта на 24 август и континуирано се зголемува на денешните 82,3 долари за фунта.

Главна причина за поскапувањето на овој метал е постојаниот ризик од понудата поради засилената политичка ситуација во светот.

Русија има речиси 50 отсто од светскиот удел во преработка и збогатување ураниум, а главни производители се Казахстан, Канада и Австралија. Ураниумот првенствено се користи како гориво во нуклеарните централи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП