Цените на становите во Скопје не престануваат да растат. Во некои делови на градот новите станови достигнуваат до фантастични 3.000 евра, на некои места за половина година скокнале и за 40 отсто, а листата со прашања за значењето на она што се случува на пазарот и евентуалното пукање на балонот е се подолга и подолга.
Дури и многу упатените луѓе се повеќе се изненадени од цените кои се далеку над просекот. Во Скопје има се повеќе нови станови чиј квадрат се продава и за 3.000 евра, а тоа беше незамисливо за истиот квадрат пред само две години.
Во Дебар маало цената на метар квадратен за нов стан поскапе за речиси 100 отсто во овие неколку години. Пред само две, три години се продаваа нови станови по цена до 1500 евра, а сега градежниците бараат по 2500 евра и повеќе. Покрај Дебар маало, во делот на централното подрачје, цените на новите станови се продаваат по 2000 евра и повеќе.
Не треба да ги изоставиме и деловите на Карпош и Аеродром каде цената на квадрат рипна до 50 отсто.
Како може толку многу да чинат становите денес и кој сепак купува толку скапи квадрати?
Според експертите, високите ешалони на општеството најмногу се заинтересирани за скапите недвижнини.
-Таков недвижен имот првенствено купува нашата таканаречена елита, информатичари со значителни плати, бизнисмени, успешни спортисти….
Статистички нема такви имоти во толкав процент што можат драстично да влијаат на цените на целиот пазар, но дека има варијации во купопродажбата на овие станбени згради кои се целосно ненормални, каде што пиковите на цената се неверојатни.
Дали ќе дојде до „смирување“ на цените?
Според експертите, цените ќе растат се додека има заинтересирани купувачи и ограничена понуда.
-Нема граници, ниту правни, ниту незаконски, единствениот закон што диктира е законот на пазарот, велат експертите.
Тие посочуваат дека претпоставката е иста како кај автомобилите, каде секоја година во салоните се појавуваат се поскапи автомобили и секогаш први се продаваат.