1 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНеверојатно село изградено на вода е пример за човечката снаодливост(ВИДЕО)

Неверојатно село изградено на вода е пример за човечката снаодливост(ВИДЕО)

Како изгледа животот на вода? Жителите на бројни градови и села кои ги изградиле своите домови покрај бреговите на морињата, реките или езерата најдобро го знаат тоа.

Животот на вода е навистина уникатен бидејќи секојдневно нуди спектакуларни глетки и зајдисонца, но во исто време со себе носи и бројни предизвици како бури, поплави или цунами. Едно такво исклучително фасцинантно место е живописното село Ганви, познато како „најголемото пловечко место во Африка”. Овде луѓето на вода прават буквално сè: се дружат, купуваат на пазар, патуваат со брод до училиште или на работа, па дури и одат во црква! Селото Ганви е неверојатен пример за живот испреплетен со вода и доказ за човечката снаодливост, креативност и издржливост.

Селото Ганви, сместено во средината на езерото Нокуе во Бенин, има долга и фасцинантна историја која датира дури 400 години, а неговата единствена приказна започнува во ерата на ропството. Имено, во 18 век, членовите на локалното племе Тофино се соочиле со очај додека се обидувале да побегнат од безмилосните војници на кралствата Фон и Дахомеј, кои тогаш барале луѓе да им ги продадат на португалските трговци.

Предците на денешните жители побегнале во езерото од страв од војниците кои верувале дека под неговата површина живее страшен демон. Свесни за оваа предност, племето донело храбра одлука и ги изградило своите домови на потпорници среде вода. Името село Ганви, што во превод значи „преживеавме“, длабоко ја одразува храброста и издржливоста на племенската заедница и е вистински доказ за човечката снаодливост, креативност и издржливост.

Во селото денес живеат околу 30.000 луѓе

Иако повеќе не биле изложени на закани, луѓето решиле да го продолжат животот во езерските домови. Со текот на вековите, Ганви цветаше до степен да биде непрепознатлив. Сегашното население на селото е околу 30.000 луѓе, а тие се познати како „водените луѓе на Бенин“.

Жителите на Ганви во голема мера се потпираат на риболовот како главен извор на приход, додека развиваат длабоко разбирање за околниот екосистем. Иако се соочуваат со предизвици како што се загадувањето и прекумерниот риболов, жителите на Ганви остануваат издржливи и горди на своето наследство, пишува Travel Suitcase.

И денес сè во селото стои на носачи – од козметички салони, кафулиња, пазари, хотели, училишта, болници, па дури и цркви. Тесните кануа, познати како „пироги“, се единственото превозно средство. Сепак, туризмот постепено го заменува риболовот како главен извор на приход за жителите. Според локалната туристичка канцеларија, околу 10.000 туристи го посетуваат ова импресивно езерско село секоја година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП