5 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАСкопјани ја продолжуваат традиционалната прослава на Бадник, Бобо Дајнерс ќе биде Кум

Скопјани ја продолжуваат традиционалната прослава на Бадник, Бобо Дајнерс ќе биде Кум

Бадникарите сигурно зачекорија во четвртата деценија од постоењето и успешната и делотворна работа.

Поддршка и помош пристигнуваат од сите страни, нивната иницијатива за традиционална дружба и прослава на Бадник доби јасни и неповторливи контури и прерасна во хуманитарно движење и еколошка акција за чиста и убава околина со веќе традиционалното садење на млади бадникови стебла на падините на Водно во месноста Краста.

Скопјани одамна покажаа што мислат за Бадникарите и нивните следбеници, но се би било залудно да ги нема со нив младите и полни со елан и идеи кои непоколебливо стојат на чело и полека ја преземаат носечката улога од ветераните, на нивно огромно задоволство!

Годинава со видливо одушевување и безмалку со трема, како што и самите признаваат, двете водечки Бадникарски функции ги прифатија едногласно Божидар Јанковски и Анастас Тановски.

Првиот попознат како Бобо ќе биде Кум кој ќе го понесе ќупот за Бадник 2024, а вториот кого скопјани го знаат како Таше ќе ја каже здравицата на платото пред Соборниот Храм Свети Климент Охридски на 6 јануари во пресрет на најголемиот христијански празник Божик.

Кумот е стопанственик стар скопјанец и урбан градски лик, сопственик на Дајнерс, а здравичарот скопјани го знаат како виден драмски актер и талентиран музичар, член на бендот на ветераните заедно со претседателот на Бадникарското здружение.

Во очекување сме на возбудливи бадникарски собитија, се по ред како и што сме договорени!!!!!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП