3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарија поради Шенген ја одложува наплатата на транзитните такси за рускиот гас

Бугарија поради Шенген ја одложува наплатата на транзитните такси за рускиот гас

Бугарија ја одложи наплатата на транзитните такси за рускиот природен гас за да не го загрози посакуваниот пристап во Шенген поради можни приговори од Унгарија.

Надоместоците воведени во октомври требаше да ги плати руската гасна компанија Газпром, но тоа може да влијае на цените на рускиот гас во Унгарија и Србија, кој во тие земји пристигнува преку Бугарија. Бугарски извори потврдија дека Гаспром не платил и не ја коментирал транзитната такса од 10 евра за мегават час гас, пренесува dpa.

Бугарија е многу блиску до влез во Шенген и не сака да биде спречена во тоа поради оваа такса, изјави Бојко Борисов, лидер на централнодесничарската партија ГЕРБ, која е дел од владејачката коалиција.

Според него, заедно со коалициониот партнер Кирил Петков, претседателот на владејачката либерална партија, било одлучено да се чека соодветниот механизам на ЕУ за такси за транзит на рускиот природен гас.

На 1 јануари 2024 година, Бугарија официјално ќе се приклучи на Шенген зоната, која овозможува прекугранично движење без пасоши меѓу земјите-членки.

Холандија и Австрија го блокираа пристапувањето на Бугарија во Шенген од 2022 година, но неодамнешните медиумски извештаи покажуваат дека Виена сега е подготвена да го омекне својот став.

Унгарскиот претседател Виктор Орбан, наводно, се закани дека ќе стави вето на пристапувањето на Бугарија во Шенген, доколку Софија не ја укине таксата за рускиот природен гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП