Општина Центар заврши со новогодишното украсување. Општина Центар блесна во новогодишна атмосфера. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски вели дека после време е граѓаните да излезат од секојдневието и уживаат во предновогодишна атмосфера.

„Мислам дека после поскапувањата и штедењата, после економската криза граѓаните имаат потреба да излезат и да прошетаат по украсени улици и ја почувствуваат предновогодишната еуфорија и позитивен дух. Сите ние имаме потреба од тоа и затоа годинава украсивме на неколку локации со цел да ги развеселиме граѓаните. Затоа ги поканувам сите да дојдат во Општина Центар и уживаат во новогодишната бајка“, вели Герасимовски.







