17 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПо „евтиниот“ iPhone, „евтин“ iMac?

По „евтиниот“ iPhone, „евтин“ iMac?

imacc

Според податоците кои ги има „KGI Securities“, последниот модел на „iMac“ кој беше претставен во 2012-та година досега се продаде во помал број на примероци, отколку што очекуваа во „Apple“.

Аналитичарите сметаат дека причината за тоа првенствено е превисоката цена со која „iMac“ не е конкурентен на помалите пазари и пазарите во развој, како Кина и Индија.

Слично како и кај „iPhone“, сега се претпоставува дека во „Apple“ би можеле да се одлучат и за „евтина“ верзија на „iMac“ со која сериозно ќе навлезат на тие пазари.

Минатиот месец „iMac“ доживеа неочекувана надоградба на процесорите „Haswell“, а почетната цена од 1.299 долари со сигурност не е адут на овој производ на пазарите со помала платежна моќ. Од овие причини најверојатно во „Apple“ веќе го разгледуваат воведувањето на евтината верзија со нешто послаби карактеристики и тоа веќе следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП