2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција и Германија се договорија за повеќето промени на фискалните правила на...

Франција и Германија се договорија за повеќето промени на фискалните правила на ЕУ

Франција и Германија се договорија за повеќето од предложените измени на фискалните правила на Европската унија (ЕУ). Сепак, остануваат разликите околу третманот на инвестициските трошоци кога дефицитот е над границите на ЕУ, рече францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер.

Ле Мер разговараше со новинарите пред клучниот состанок на министрите за финансии на ЕУ за да разговараат за промените на фискалните и должничките правила на блокот. Ле Мер коментира дека способноста да се одржат инвестициите е клучна за Париз, како што вели тој „црвена линија“.

„Мислам дека Франција ги презеде сите неопходни чекори за да постигне компромис, ние сме 90% согласни“, рече тој.

Единственото прашање што останува отворено меѓу Франција и Германија е што да се прави со процедурите за прекумерен дефицит“, додаде францускиот министер за финансии.

Според правилата на ЕУ, кои поставуваат граница од 3% од БДП за буџетски дефицити и 60% од БДП за јавниот долг, кога една земја ќе го прекрши плафонот, таа мора да го намали дефицитот за 0,5% од БДП во структурна смисла секоја година, додека не да не ја постигне законски поставената цел. Оваа обврска се нарекува „процедура за прекумерен дефицит“.

Франција сака помало намалување на годишниот дефицит доколку владите се реформираат и инвестираат според четиригодишниот среднорочен план за кој ќе се преговара со Европската комисија (ЕК).

„Ние силно веруваме дека во текот на четирите години од постапката за прекумерен дефицит, од суштинско значење е да се задржат стимулации за промовирање на инвестициите и структурните реформи преку воведување флексибилност. Ова е единственото нешто што ги спречува Франција и Германија да постигнат договор“, коментира Бруно Ле Мер.

Дискусиите на министрите за финансии на ЕУ во четврток и петок се последната фаза во прегледот на фискалните правила на блокот, кои беа ставени во мирување во 2020-та година поради пандемијата.

Министрите сакаат да ја прилагодат рамката на постпандемиската реалност на високиот јавен долг и јавните инвестиции потребни за борба против климатските промени. Промените се дизајнирани да им дадат на земјите на ЕУ повеќе време да го намалат долгот преку индивидуални планови и да создадат стимулации за јавни инвестиции, дури и кога државните трошоци мора да паднат.

Ле Мер коментира дека Франција веќе го прифатила барањето на Германија да се одреди минималното годишно просечно намалување на долгот за високо задолжените земји на 1% од БДП и да се воспостави тампон од 1,5% од БДП под плафонот на дефицитот од 3% од БДП за да се спречат неочекувани настани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП