6 октомври, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНаследникот на „Nintendo Switch“ доаѓа во две верзии

Наследникот на „Nintendo Switch“ доаѓа во две верзии

Се ближи моментот кога навистина би можеле да добиеме повеќе детали за следната конзола „Nintendo Switch“, а соодветно на тоа имаме сè поголем број гласини за новиот модел.

Сè уште нема конкретни детали за датумот на објавување, но различни извори укажуваат дека може да го очекуваме „Switch“ некаде следната година (или за неколку месеци или во втората половина од годината).

Нагласено е дека новиот „Switch“, според хардверските карактеристики, треба да им конкурира на „PlayStation 4“ и на следната генерација на „Xbox“ конзоли. Тоа е и очекувано, бидејќи „Nintendo“ никогаш не се фокусирал на хардверот туку на забавата на игрите што доаѓаат со „Switch“.

Изворите сугерираат дека „Nintendo“ подготвува две верзии на новата конзола. Така, стандардниот модел ќе биде поевтин и ќе има „LCD“ екран, додека ќе има и премиум модел со „OLED“ екран.

Наводно, „Nintendo“ се договорил со компанијата „Sharp“ за производство на „LCD“ екрани, а сега во приказната влезе и „Samsung“ кој треба да обезбеди OLED дисплеи.

Нема официјална потврда од јапонската компанија за овие наводи, но бидејќи сегашниот „Switch“ беше лансиран уште во 2017-та година, јасно е дека најавата за нов модел„ Switch“ е се поблиску.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП