8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин: Русија не е бензинска пумпа

Путин: Русија не е бензинска пумпа

Во следните години, светската економија е пред „вистинска револуција“ која ќе го поткопа монополот на големите западни банки, изјави во четвртокот рускиот претседател Владимир Путин на банкарскиот форум во Москва.

Путин изјави дека многу модерни и напредни решенија сега се повеќе се користат во меѓународните плаќања, вклучително и оние базирани на блокчејн технологијата, како и дигиталните валути на централните банки, пренесува ТАСС.

„Според експертите, во наредните години тоа ќе доведе до вистинска револуција која конечно ќе го поткопа монополот на големите западни банки“, рече рускиот претседател, додавајќи дека западните банки, поточно некои од нив, не се во добра состојба. Путин претходно оцени дека Западот дошол до точка да ги укине самите принципи на пазарната економија.

Тој истакна дека и покрај притисокот од Западот, од почетокот на март 2022 година до ноември 2023 година, бројот на странски деловни структури застапени на рускиот пазар не се намалил, туку се зголемил. Путин ги прогласи за несигурни инвестициите во странски хартии од вредност.

Бруто домашниот производ (БДП) на Русија до крајот на оваа година би требало да достигне раст од најмалку 3,5 отсто, а во однос на економскиот раст Русија ги престигнува сите земји од ЕУ, изјави Путин, пренесува Спутник.

„За 10 месеци од оваа година, БДП на Русија порасна за 3,2 отсто. Денес е поголем отколку што беше пред нападот на западните санкции. До крајот на оваа година се очекува раст на БДП од најмалку 3,5 отсто. Руската економија во моментов е најголемата економија во Европа, а во однос на стапката на раст ги надминува сите водечки земји во Европската унија“, рече рускиот лидер на инвестицискиот форум на ВТБ банка „Русија повикува!“.

„Само два отсто (од економскиот раст) се должат на експлоатација на минерални суровини. Сега некој нека каже дека Русија е „бензинска пумпа“, како што се обидуваа да кажат неодамна“, рече Путин.

Рускиот претседател претходниот ден отпатува на еднодневна турнеја на Блискиот Исток. каде ги посети ОАЕ и Саудиска Арабија. Во преден план руските медиуми го истакнуваат импресивниот пречек што го доби во овие арапски земји. Иранскиот претседател Ибрахим Раиси во четвртокот пристигна во Москва, со кого Путин ќе разговара за меѓусебната трговија меѓу двете земји, како и за конфликтот меѓу Израел и Хамас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП