28 април, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈААнѓушев: Благодарност до Малта за мандатот, не можам да бидам конзул со...

Анѓушев: Благодарност до Малта за мандатот, не можам да бидам конзул со сенка врз моето име

Подоле во целост ви ја пренесуваме писмената изјава на проф. д-р Кочо Анѓушев, почесен конзул на Република Малта во Република Северна Македонија.

Се заблагодарувам на пријателска Малта за честа да бидам почесен конзул на членка на ЕУ во Северна Македонија од 2021 година.

Со оглед на одлуката на почитуваниот Стејт Департмент кон мене, со наводи со кои јас не се согласувам, но ги ценам и прифаќам како одлука, сметам дека не сум во можност, ниту пак Малта треба да има почесен конзул со сенка врз неговото име, колку и да е таа неоправдана. Се додека овие наводи не се преиначат, јас не сакам и не можам да се застапувам во име на било која држава или институција.

Одлуката за ограничување на влез во САД е нешто што се однесува лично на мене и со тоа прашање треба да се носам јас лично, без за тоа да имаат негативни последици пријателски држави, личности, бизнис-соработници или институции.

Во текот на вчерашниот ден лично го информирав министерот за надворешни работи на Малта за новонастанатата состојба, како и за мојата определба да ги искористам сите пропишани можности во правец на издржано и осовано преиначување на оваа одлука на администрацијата на пријателските Соединети Американски Држави.

Министерот ме информира дека Малта одблиску ќе го следи развојот на настаните и дека во тој контекст ќе го земат предвид секој позитивен исход.

На министерот Борг му изразив благодарност за можноста и честа во еден период да служам во интересите на држава членка на ЕУ и на интересите на нашите две земји.

Со почит,

Почесен конзулaт на Малта во Република Северна Македонија

Булевар „Климент Охридски“ бр. 30

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП