12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШефот на банката JP Morgan би ги забранил криптовалутите: Тие им служат...

Шефот на банката JP Morgan би ги забранил криптовалутите: Тие им служат само на криминалци и терористи

Шефот на JPMorgan Chase Bank, Џејми Димон, во својот говор во Вашингтон рече дека криптовалутите треба да се забранат.

„Отсекогаш сум бил против криптовалутите и биткоинот. Тие навистина им служат само на криминалци, дилери на дрога, перење пари и избегнување данок“, рече шефот на најголемата американска банка за време на рутинско сослушување во Комитетот за банкарство на Сенатот, пренесува CNBC.

„Да сум во американската влада ќе ги забрани криптовалутите“, додаде тој. Димон претходно ги критикуваше криптовалутите иако неговата банка е силно вклучена во блокчејн технологијата што ја напојува крипто индустријата.

Сенаторката Елизабет Ворен се согласи со коментарите на Димон.

„Обично не се согласувам со извршните директори на големите банки за банкарската политика, но ова е прашање на националната безбедност. На терористите, шверцерите на дрога и непријателските нации треба да им се забрани да користат криптовалути. Време е Конгресот да дејствува“, нагласи Ворен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП