30 април, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАКочо Анѓушев ставен на црната листа на САД

Кочо Анѓушев ставен на црната листа на САД

Соединетите Држави го означија Кочо Анѓушев, поранешен вицепремиер на Северна Македонија, како генерално неподобен за влез во Соединетите држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција.

Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Северна Македонија во нивните владини институции и јавни процеси, се вели во соопштението на Американската амбасада.

„Денешното означување на поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев и неговото семејство е уште еден доказ дека Соединетите Држави ќе продолжат да ги санкционираат корумпираните актери во оваа земја и во регионот, без разлика на нивната позиција, политичка припадност или време на злоупотребите. Ќе следуваат повеќе означувања, но факт е дека нашите напори и нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Северна Македонија, изјави американската амбасадорка Агелер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП