5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБелата куќа предупредува дека парите за Украина се при крај

Белата куќа предупредува дека парите за Украина се при крај

Соединетите Американски Држави нема да можат да продолжат да обезбедуваат оружје и опрема за Украина доколку Конгресот не одобри дополнително финансирање до крајот на годината, соопшти денеска Белата куќа. Изјавата доаѓа со предупредување за катастрофални последици на бојното поле доколку пратениците не дејствуваат, пишува „The Wall Street Journal“.

„Прекинувањето на протокот на американско оружје и опрема би ја фрлило Украина на колена на бојното поле, не само што ќе ги загрози придобивките што ги постигна, туку и ќе ја зголеми веројатноста за руска воена победа“, напиша Шаланда Јанг, директор на Канцеларијата за управување и буџетот на Белата куќа, во писмо до претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон.

Писмото е еден од најсилните повици на Белата куќа за акција од страна на Конгресот до денес и ги детализира последиците од неактивноста на политиката.

„Нема магичен фонд за финансирање за да го исполниме овој момент. Немаме пари и речиси немаме време“, додаде Јанг.

Без дополнителни средства, САД нема да ги имаат потребните ресурси за купување оружје и опрема за Украина.

Федералните агенции ги потрошија сите или речиси сите од 111 милијарди долари одобрени од Конгресот за поддршка на Украина, пишува „WSJ“.

Од средината на ноември, Министерството за одбрана искористило 97 отсто од добиените средства, а Стејт департментот потрошил 100 отсто од добиените средства за воена помош, се вели во писмото.

Официјални лица на Пентагон велат дека доделиле договори во вредност од 10,5 милијарди долари за ново оружје и дека им остануваат малку пари за да ги надополнат залихите на Америка, откако потрошиле 16,8 милијарди долари за ракетна одбрана, артилериски гранати, тенкови и друга опрема.

„Парови“ – вака заменик министерот за одбрана Бил Лапланте одговори на прашање што останува за Украина.

Лапланте коментира дека во моментов има постојани барања за дополнителна поддршка за Украина, кои изнесуваат четири пати повеќе од расположливите средства.

Конгресот во моментов дебатира како да продолжи, при што републиканците бараат повеќе мерки за безбедност на границите и промени во политиката за имиграција во замена за одобрување на дополнителните средства. Сенатот може да гласа за таква мерка уште оваа недела, објави „WSJ“.

Креаторите на политиката во САД и Европа се се позагрижени бидејќи војната во Украина се приближува кон крајот на својата втора година. Многу земји стравуваат дека рускиот претседател Владимир Путин ќе може да ја надмине политичката волја на западните земји да продолжат со помошта за Киев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП