27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГоривата од полноќ со пониска цена

Горивата од полноќ со пониска цена

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,96% во однос на одлуката од 27.11.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,580%, кај дизелот за 0,828%, кај екстра лесното масло за 0,400% и кај мазутот намалувањето е за 0,955%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,306%

Од 5.12.2023 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС – 95                  78,50 (денари/литар)

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС – 98                  80,50 (денари/литар)

Дизел гориво           ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)            76,00 (денари/литар)

Масло за горење     Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)              75,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                              42,086 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,431 ден/кг и сега ќе изнесува 42,086 ден/кг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП