5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Турција е речиси 62 отсто

Инфлацијата во Турција е речиси 62 отсто

Во ноември инфлацијата во Турција се зголеми на 61,98 отсто на годишно ниво, а на месечно ниво за 3,28 отсто, објави денеска Турскиот институт за статистика – Туркстат.

На годишно ниво најмногу пораснале цените на услугите во хотелите, кафулињата и рестораните – за 92,86 отсто, како и во здравството – 82,13 отсто и образованието – 81,49 отсто, објави сајтот Туркстат.

Алкохолните пијалаци и тутунот поскапеле на годишно ниво за 71,35 отсто, облеката и обувките за 40,72 отсто, а храната и безалкохолните пијалоци за 67,16 отсто.

Годишната основна стапка на инфлација во Турција во ноември изнесува 69,89 отсто.

На 23 ноември, Централната банка на Турција ја зголеми референтната каматна стапка на 40 отсто од 35 отсто, велејќи дека сегашното ниво на домашна побарувачка, стабилниот раст на цените во услужниот сектор и геополитичките ризици продолжуваат да вршат притисок врз растот на инфлацијата во Турција, објавија медиумите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП