Новите сателитски снимки, нарачани од Би-Би-Си, го откриваат обемот на уништувањето низ северниот дел на Појасот Газа, пред почетокот на привременото примирје меѓу Израел и Хамас.
Сателитските снимки се направени минатиот четврток, непосредно пред да стапи на сила прекинот на сите непријателства, по неколкунеделните израелски воздушни напади и копнени борби.
Посебна сателитска анализа дава и увид во уништувањето низ целиот Појас Газа.
На видеата направени со дронови и други видеа чиј кредибилитет е утврден, се гледаат згради и цели населби претворени во урнатини.
И додека северниот дел на Појасот Газа беше погоден од израелската копнена офанзива и претрпе најголем дел од уништувањето, штетата се шири на целата област населена со Палестинци.