26 јуни, 2025
ПочетнаСВЕТСрбија ја пречека италијанската премиерка со унгарски знамиња

Србија ја пречека италијанската премиерка со унгарски знамиња

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска е во посета на Белград. Српскиот претседател Александар Вучиќ ја пречека на аеродромот со голем букет цвеќе, а во знак на добредојде беа поставени и знамиња.

Но, проблемот е што ја пречекаа италијанската премиерка – со унгарски знамиња.

Знамињата, како и секогаш при пристигнување на странските гости, беа поставени покрај автопатот и главните улици во градот, како и пред Палатата Србија, каде што се одржува средбата меѓу италијанската премиерка и српскиот претседател. Пред Палатата знамињата беа правилно поставени, но проблем настана со поставените покрај автопатот.

Имено, комбинацијата на боите на италијанското и унгарското знаме е иста, но унгарските пруги се поставени хоризонтално, а италијанските вертикални.

Српското знаме беше поставено по должина, но нешто запна кај италијанското знаме, ригите не беа правилно поставени, па италијанската премиерка беше пречекана со унгарски знамиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар