Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2023 година, бројот на живородените се 4 453 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 9.8 %.
Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2023 година бележи намалување од 6.8 % во споредба со истото тримесечје од 2022 година, односно починале 4 747 лицa, а од нив 8 се умрени доенчиња.

