21 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПреполовено произвoдството на iPhone 5c

Преполовено произвoдството на iPhone 5c

Mila Thomas

Според последните информации во „Apple“, најверојатно го намалиле дневното производство на паметниот телефон „iPhone 5c“ за дури 50 проценти или од 300.000 на 150.000 единици, и тоа само неколку недели по пуштањето во продажба.

Со овој телефон во „Apple“ се обидуваат да го зголемат својот удел во земјите во развој, но според некои информации „Apple“ мораше да го намали дневното производство на телефонот, поради прилично лошите почетни резултати.

Според медиумите во Кина, продажбата на „iPhone 5c“ на кинескиот пазар е далеку под очекуваните резултати, затоа при претставувањето во септември, првите луѓе на компанијата очекуваат многу повеќе од овој производ. Тогаш беше кажано дека „iPhone 5c“ е првиот нискобуџетен телефон на компанијата и дека ќе се продава по цена од 100 долари.

Одлуката на „Apple“ да го преполови производството можеби е резултат на големата побарувачка и неможноста во така краток временски период да се обезбедат компонентите за неговото составување.

Сепак од „Apple“ се уште немаат соопштено дали овие информации се точни за намалувањето на производството на моделот „5c“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП