4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денеска граѓаните повторно ќе имаат евтина дневна тарифа на струјата

Од денеска граѓаните повторно ќе имаат евтина дневна тарифа на струјата

Од 13 до 15 часот граѓаните повторно ќе можат да користат евтина дневна тарифа на струјата, со што вкупно 11 часа ќе имаат на располагање евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота и 24 часа во недела.

Поголемиот дел од броилата на граѓаните, или над 600 илјади ќе треба да почекаат вработените на ЕВН рачно да ги сетираат, додека 170 илјади се дигитални и ќе бидат компјутерски апдејтирани.

Доколку сакате да се потврдите дали кај вас е активна евтината тарифа, треба да проверите дали на екранот на струјомерот во 13 часот ќе се појави ознаката Т2 (за ниска тарифа).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП