Трговецот со вино „Le Clos“ го претстави „Balthazar of Chateau Margaux“, најскапото шише црвено вино што некогаш било на продажба…
Цената на ова шише вино е 195,000 долари. Ова се случува прв пат во историјата „Chateau Margaux“ овој тип на вино да го флашира.
Бербата во 2009 која може да стои цел век, е широко позната како една од најдобрите берби кои некогаш се произведени од „Chateau Margaux“.
Произведени се само шест шишиња од ова вино, а три ќе бидат достапни во продажба. Шишето од виното „Balthazar“ беше претставено во прекрасна дабова кутија со челични ногарки. Дизајнот на шишето кое е украсено и изгравирано со злато го надминува и самиот квалитет на виното.