9 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Германија во ноември 2,3 отсто

Инфлацијата во Германија во ноември 2,3 отсто

Инфлацијата во Германија се намали повеќе од очекуваното во ноември поради намалувањето на трошоците за енергија и патувања, а целта на Европската централна банка за два отсто инфлација одамна не била поблиску.

Потрошувачките цени се зголемија за 2,3 отсто на годишно ниво, што е помалку од 3 отсто во октомври и помалку од 2,5 отсто од прогнозите на економистите, објави Блумберг.

Податоците следуваат по слично забавување на инфлацијата во Шпанија, која претходно во средата објави стапка пониска од очекуваната. Податоците за Франција, Италија и 20-члената еврозона ќе бидат објавени во четврток. Повеќе позитивни вести за ЕЦБ пред нивниот последен состанок оваа година би можеле да влијаат на реториката на нејзините функционери.

Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, во понеделникот повтори дека инфлацијата е сè уште превисока и е премногу долго, а ЕЦБ очекува ценовните притисоци повторно да се зголемат од декември.

Новите проекции на ЕЦБ на 14 декември ќе дадат увид во тоа колку брзо и одржливо инфлацијата ќе се врати на целниот опсег. Тоа би требало да им помогне на креаторите на политиката да ги обликуваат своите планови за следната година, при што инвеститорите очекуваат намалувањето на каматните стапки да започне во април.

Во Германија, претседателот на Бундесбанк Јоаким Нагел предупреди дека борбата против инфлацијата не треба да се напушти прерано. Официјалните лица не можат да претпостават дека ценовните притисоци ќе продолжат да се намалуваат толку брзо како минатата година, рече Нагел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП