3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Google Bard“ сега може да гледа видеа на „YouTube“ за вас

„Google Bard“ сега може да гледа видеа на „YouTube“ за вас

Корисниците на „Google Bard“ сега можат да добијат детали за видеата на „YouTube“ што ги гледаат благодарение на чат-ботот со вештачка интелигенција.

Новото проширување што го доби „Bard“ му овозможува да разбере каква е содржината на видеото и врз основа на тоа да одговори на барањата за информации направени од корисниците.

„Ги преземаме првите чекори за да го подобриме разбирањето на видеата на „YouTube“ од страна на „Bard“… слушнавме дека сакате да навлезете подлабоко во видеата на „YouTube“. Затоа, ја прошируваме екстензијата на „YouTube“ за да можете да разговарате со „Bard“ за тоа“, велат од „Google“.

Благодарение на ова, кога ќе побарате од „Bard“ да ви најде одреден клип, сега можете да му поставите дополнителни прашања за содржината на тој клип, вклучувајќи резиме или нешто за конкретни детали.

Да потсетиме дека во септември „Google“ објави голем број нови опции кои доаѓаат со вештачка интелигенција на услуги како „Flights“, „Maps“, „Docs“, „Dive“, „Gmail“ и многу други.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП