2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Coworking space“ - нов тренд во Скопје за работа во канцеларија исто...

„Coworking space“ – нов тренд во Скопје за работа во канцеларија исто како од дома

Со појавата на пандемијата од коронавирус, многу луѓе се најдоа во ситуација да работат од дома, но не сите имаа идеални услови за тоа.

Затоа, на повеќе места низ Скопје „никнаа“ таканаречени „coworking space“, каде што можете да си резервирате работно биро, компјутер, и сѐ што ви е потребно за да се чувствувате како да работите во канцеларија.

Такви „coworking space“ објекти има во Карпош, Аеродром, Центар, Кисела Вода…

Еден од вработените во „coworking space“ во Карпош во разговор за Денар вели дека клиентите се презадоволни од услугите, бидејќи за мали пари практично добиваат своја канцеларија преку целата година.

„Цената за изнајмување работен простор изнесува само 200 евра годишно, а тоа значи дека во текот на целата година добивате свое бесплатно биро, компјутер, приклучок за струја, посебна просторија за деловни состаноци, глува соба за телефонски разговори, а имате можност да си нарачате кафе, храна и пијалаци за 50% пониска цена“, вели нашиот соговорник.

Тој додава дека на луѓето им се исплати да вложат 200 евра наместо да закупуваат канцеларија, да плаќаат месечна кирија, сметки за струја, за вода, за интернет…

„Coworking space“ не се наменети само за работници, туку и за студенти кои сакаат да учат или да вежбаат во пријатна атмосфера.

Еден од нив е и Марко Стојановски, студент од Битола кој студира на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

„Јас постојано посетувам ‘coworking space’, бидејќи таму можам на мир да учам, да вежбам програмирање, но и да запознавам нови луѓе. Овде има многу интересни личности со кои можам да разменувам искуства и идеи. Секогаш има некоја динамика и забава“, вели Стојановски.

„Coworking space“ се појавија како одговор на современите потреби на луѓето кои сакаат да работат од дома, но и да имаат социјален контакт.

Оваа идеја се покажала како успешна, бидејќи овие простории секогаш се полни со клиенти кои уживаат во својата работа во својот „coworking space“.

Според нашето истражување, на територијата на Скопје има 18 регистрирани компании кои нудат „coworking space“.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП