Германските компании се помалку подготвени да вработуваат нови работници, тврди минхенскиот институт за економски истражувања Ifo. Показателот за вработеност во ноември е намален за 0,3 поени на 96,2 поени на месечно ниво. „Многу компании се жалат на недостиг на нови нарачки“, рече Клаус Вохрабе, раководител на истражување во Ifo.
Вредноста на показателите во производството се уште е во негативна зона, иако донекаде зајакна по неколкунеделниот пад во ноември, објави Ifo. Компаниите планираат да ги исполнуваат нарачките со помалку вработени, особено во енергетски интензивните компании.

