2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропејците заштедиле речиси 13 отсто од својот приход во 2022-ра

Европејците заштедиле речиси 13 отсто од својот приход во 2022-ра

Во 2022-ра година, домаќинствата во Европската унија (ЕУ) заштедиле во просек 12,7 отсто од расположливиот приход, покажуваат податоците на Европската статистичка служба.

Оваа стапка е значително пониска од нивоата во 2021-ва година, кога луѓето заштедиле 16,4% од својот приход и се приближува до нивоата пред пандемијата. Најзначајни заштеди во 2022-ра година се во Германија (19,9%), Холандија (19,4%) и Луксембург (18,1%).

Во 12 земји-членки, луѓето заштедиле помалку од 10% од својот приход минатата година, а две – Полска и Грција – регистрирале негативни нивоа (-0,8% и -4% соодветно). Ова значи дека домаќинствата трошеле повеќе од вкупниот расположлив приход и морале да прибегнат кон заштеди од претходните години или да се потпираат на заеми.

Во 2022-ра година, реалниот бруто расположлив приход на домаќинствата по глава на жител во ЕУ ќе се намали за 0,8%. Намалување има и во еврозоната од 0,9%, што е прв пад забележан од 2013-та година.

Судејќи според податоците од изминатите две децении, по негативните нивоа помеѓу 2010-та и 2013-та година поради глобалната финансиска и економска криза, реалниот бруто расположлив приход на домаќинствата се зголеми меѓу 2014-та и 2021-ва година.

Во 2020-та година, поради кризата Ковид-19, нивоата се намалуваат, но остануваат позитивни. По рекордниот раст во 2021-ва година од 2,8% – највисок во последните две децении, во 2022-ра година порастот на номиналната вредност (+6,3%) беше помал од порастот на цените (+7,2%) и тоа доведува до пад на вистинска вредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП