Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50 % во однос на одлуката од 20.11.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,436 %, кај дизелот 0,431 %, кај екстра-лесното масло 1,330 % и кај мазутот намалувањето е 0,923 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 1,419 %.
Од 28.11.2023 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 79,50 (денари/литар)
Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 81,50 (денар/литар)
Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 76,50 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 75,50 (денари/литар)
„Мазут М-1 НС“ – 42,517 (денара/килограм)
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалуваат 0,50 денати/л.
Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,256 денари/кг и изнесува 42,517 денара/кг.