4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата речиси непроменети

Цените на нафтата речиси непроменети

На светските берзи минатата недела цените на нафтата останаа речиси непроменети на неделно ниво, но значително флуктуираа во текот на неделата, во зависност од вестите кои можат да влијаат на понудата и побарувачката.

На лондонскиот пазар цената на барелот на крајот на минатата недела изнесуваше 80,58 долари, речиси исто како и една недела претходно, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,5 отсто, на 75,55 долари.

На пазарот владее неизвесност во пресрет на состанокот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници за производната политика, што ќе се одржи на 30 ноември. Тој состанок требаше да се одржи на 26 ноември, но беше одложен за четири дена, што предизвика бран шпекулации за спор околу намалувањето на производството следната година.

Производителите сè уште дебатираат за снабдувањето, рекоа извори од ОПЕК +, сугерирајќи дека трите африкански земји се изворот на несогласувањето. Аналитичарите тврдат дека Ангола, Конго и Нигерија бараат поголема производствена квота во 2024 година отколку што беше договорено на состанокот на групата во јуни.

Намалувањето на производството ќе биде главна тема на состанокот, со оглед на падот на цените во последните денови поради загриженоста за побарувачката во САД и Кина, но и поради рекордното производство во САД.

Во петокот, три извори од ОПЕК рекоа дека се блиску до компромис со африканските производители за производството во 2024 година. „Се чини дека најверојатниот исход е продолжување на сегашниот договор за намалување на производството“, вели Тони Сајкамор од ИГ.

Всушност, ова е единствениот начин да се одржи цената на нафтата на сегашното ниво, бидејќи растот на западните економии забавува поради високите каматни стапки, што ќе ја ослаби побарувачката на нафта и ќе изврши притисок врз цените. На лондонскиот пазар цената на барелот е во минус во однос на почетокот на годината за околу 6 отсто, а на американскиот пазар за околу 5,5 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП