3 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈААМСМ со важно известување за состојбата на патиштата

АМСМ со важно известување за состојбата на патиштата

Според последните информации од АМСМ:

Сообраќајот на патниот правец Св.Николе – Миладиновци е во прекин само во таа насока.

Од 19:57 на рег. пат Св. Николе-Куманово сообраќајот се одвива по една лента, наизменично и само за ПМВ.

Од 13:00 на Пат. правец Кичево-Стража има забрана за движење на ТТМВ.

Од 17:00 часот на патниот правец Кратово-Пробиштип, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ.

Од 15:20 часот на патниот правец Битола-Ресен, и обратно, кај превој „Ѓавато“, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ.

Од 16:35 на патниот правец Градско-Прилеп кај превој „Плетвар“ и обратно, поради временските услови има забрана за движење на ТТМВ.

Од 16:30 патниот правeц Крива Паланка граничен премин Деве Баир е затворен за тешки товарни возила.

Задолжително користење на зимска опрема(ланци) од 14:00 на патниот правец Тетово-Попова Шапка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП