Во рамки на настанот за финансиска едукација во организација на Министерството за финансии на Холандија и ИНФЕ-ОЕЦД, беше организирана посебна сесија со прашања и одговори со холандската кралица Максима. На средбата, се дискутираше за важноста на финансиската писменост за финансиското здравје на секој поединец. За поголем прогрес потребни се напори од страна на носителите на политиките, но значајна улога имаат и самите финансиски институции даватели на финансиски услуги.
Проектот финансиран од холандското Министерство за финансии и ИНФЕ-ОЕЦД има за цел поддршка на земјите од Конституенцата на ММФ и Светска банка, вклучително и нашата држава, во напорите за зголемување на финансиската писменост која, според Анкета спроведена од ОЕЦД, кај нас е слична како и во регионот на ЈИЕ, но сепак позначајно заостанува зад ЕУ.

