5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ оваа година ќе увезе руски гас, но колку?

ЕУ оваа година ќе увезе руски гас, но колку?

Извозот на руски природен гас во Европската унија (ЕУ) продолжува да пропаѓа и веројатно ќе достигне само околу 16 милијарди кубни метри во 2023-та година, според прогнозата на главниот економист на Руската државна развојна корпорација (ВЭФ.РФ) Андреј Клепач.

Експертот наведува дека минатата година испораката на руски гас за европските клиенти била во обем од околу 56 милијарди кубни метри, а пред почетокот на војната во Украина – 130-140 милијарди кубни метри годишно, или повеќе од шесткратно намалување во споредба со 2021-ва година.

Генерално, извозот на природен гас од Русија ќе биде околу 100 милијарди кубни метри, според сметките на „ВЭФ.РФ“. Според Клепач, во моментов азиските пазари немаат потенцијал да ја покријат загубата на европските клиенти. „Извозот нема да закрепне додека нашите односи радикално не се променат, но тоа е многу далеку во иднината“, категорично рече економистот.

Пред околу една година – во пресрет на зимската сезона, земјите од ЕУ беа загрижени како ќе ја поминат зимата без руски гас, се потсетува на анализа на Институтот за енергија на Универзитетот Харвард. ЕК упати повици за намалување на потрошувачката на гас од страна на бизнисите и домаќинствата и регулативи со кои се обврзуваат земјите во заедницата да пумпаат големи количини гас во складиштето.

Сега, се повеќе експерти во ЕУ се прашуваат дали испораката на руски гас наскоро ќе биде целосно прекината и дали рускиот гас некогаш повторно ќе има некаква важност на пазарот на заедницата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП