1 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСе трудите да живеете здраво: 3 грешки кои најчесто ги правите, дури...

Се трудите да живеете здраво: 3 грешки кои најчесто ги правите, дури и кога имате здрави навики

Иако многу информации за здрава исхрана и правилен тренинг во последно време станаа достапни, се уште постојат ситни грешки на кои се сопнуваат и оние најсовесни заговорници на здравиот начин на живот.

Овие неколку мали грешки, најверојатно ќе ги забележите во вашата рутина, дури и кога навистина обрнувате внимание на вашата исхрана и тренинг, но не грижете се, сè што е видливо лесно се решава и на тој начин, со спознавање на грешките само дополнително ќе го подобрите вашиот животен стил.

Утрински тренинг

Утринскиот тренинг не е добро решение ако потоа целиот ден го поминете во седечка положба. За да вашиот утрински тренинг навистина би имал ефект, важно е во текот на денот да направите мали активности за да го потикнете вашиот организам. Прошетајте 15 минуту после ручекот.

Недоволно време за оброк

Не е добро да ги прескокнувате оброците поради недостаток на време, а уште полошо е кога ги јадете во брзање, па немате време да ја припремите храната за варење. И двете ситуации може да ве доведат до прејадување, а тоа е токму она што би сакале да го избегнете. За да не се изгладувате во текот на денот, па вечерта да се прејадете, направете си богат оброк пред работа, а во вашата торба секогаш имајте една кеса здрави грицки, како бадеми или индиски ореви.

Интензивен оброк по интензивен тренинг

Се разбира дека на телото му треба сила и енергија по тренингот и тогаш треба да јадете, но не заборавајте дека треба да согорите повеќе калории отколку што внесувате, па обидете се да ги намалите порциите на вашите оброци.

Иако водите сметка за здравиот начин на живот, од време на време можете да згрешите, но не треба заради тоа да бидете демотивирани, навистина е важно да се трудите да живеете здраво, но од време на време добро би ви дошол одмор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП