Просечната бруто плата во Србија пресметана за септември годинава изнесува 117.472 динари (1.003 евра), додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) изнесува 85.066 динари (726,5 евра), објави Републичкиот завод за статистика.
Медијалната нето заработка изнесува 65.727 динари (561,3 евра), што значи дека 50 отсто од вработените оствариле заработка до таа сума.

