28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТри настани за сите заинтересирани за вработување во Словенија

Три настани за сите заинтересирани за вработување во Словенија

По успешните настани „Живот и работа во Словенија“, кои Заводот за вработување на Република Словенија ги одржа во Северна Македонија на почетокот на јуни и во Босна и Херцеговина на крајот на септември, решивме дека поради големата побарувачка од страна наработодавачите и потребите на нашиот пазар на труд, во соработка со Амбасадата на Република Словенија во Скопје, на крајот на ноември повторно да организираме настани за вработување во Северна Македонија. Овој пат тие ќе се одржат во Скопје, Прилеп и Битола:

– Скопје, 27.11.2023, 10:00–17:00, 
Hotel DoubleTree by Hilton Skopje, Бул. „АСНОМ“ 17 

– Прилеп, 28. 11. 2023, 10:00–17:00, 
Центар за култура „Марко Цепенков“, Бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 

– Битола, 29. 11. 2023, 10:00–17:00,
Културен и информативен центар, Офицерски дом, Широк Сокак 145.

На настаните ќе се претстават 30 истакнати словенечки работодавачи од цела Словенија, кои нудат добри и стимулативни услови за работа и живот и заедно вработуваат повеќе од 20.000 работници. Најголем дел од нив се од здравствената и социјалната заштита и градежната индустрија, а ќе присуствуваат и работодавачи од области како: производство, транспорт и складирање, технички дејности, угостителство и други.

Настаните за вработување имаат за цел:

– претставување на тековните потреби на истакнатите словенечки работодавци, кои се соочуваат со значителен недостиг на кадар;

– презентација на потребните професии кои се неопходни за реализација на санациските работи по катастрофалните августовски поплави и свлечишта во Словенија и во кои може да се вработат странски работници;

– обезбедување веродостојни информации за условите за живот и работа во нашата држава со цел да се обезбеди соодветна заштита на работниците дел од работната миграција, во што е можно поголема мера.

Во првите десет месеци од годинава, во Словенија се издадени 3.688 согласности за единечнадозвола за престој и работа за државјани на Р. Северна Македонија, што е за 40,3% повеќе од истиот период лани.

Заводот за вработување на Република Словенија, на овие настани ќе обезбеди индивидуално кариерно советување за сите баратели на работа.

Во 12:00 и во 15:00 часот организираме и специјални презентации за животот и работата во Словенија, каде ќе може да се добијат одговори на прашања поврзани со образовниот систем, признавањето на професионалните квалификации, регулирањето на условите за живот итн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП