4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој би помислил дека тие ќе влезат во рецесија

Кој би помислил дека тие ќе влезат во рецесија

Норвешката економија се намали и во третиот квартал и влезе во рецесија, поради тоа што странската побарувачка за гас опадна, покажаа податоците на заводот за статистика.

Норвешкиот БДП од јуни до септември се намали за половина процент во однос на претходните три месеци кога забележа ист процентуален пад. Во првите три месеци од годинава бележи раст од 0,2 отсто.

Тоа би значело дека Норвешка влезе во рецесија во третиот квартал, што се дефинира како пад на активноста два квартали по ред.

Без секторот за нафта и гас и опрема, БДП порасна за 0,1 отсто во периодот од јули до септември во однос на претходните три месеци кога стагнираше. На почетокот на годината е зголемен за 0,1 отсто.

Потрошувачката на домаќинствата е зголемена за 0,5 отсто, „притисната“ од купувањето стоки во странство и услугите поврзани со туризмот.

Државните трошоци се зголемени за 0,9 отсто, поддржани од трошоците за одбрана. Бруто-инвестициите во фиксен капитал на компаниите паднаа за 2,1 отсто, како одраз на остриот пад на трошоците за океански транспорт.

Норвешка е најголемиот снабдувач на гас во Европа, што ја истурка Русија од водечката позиција и го испраќа главно преку гасоводи. Во третиот квартал, пак, извезоа 1,4 отсто помалку гас во однос на претходните три месеци.

Норвешката економија сега е во фаза од деловниот циклус каде слабата побарувачка го задушува растот, рече шефот на националните податоци во Статистика на Норвешка, Пал Слетен.

На годишно ниво, БДП се намали за 1,9 отсто во третиот квартал, откако речиси стагнираше во претходните три месеци. Во првите три месеци од годинава бележи раст од 3,2 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП